Во многу области, нашата земја е држава на двојни аршини. Се гради објект пред „Мавровка“ и никој од надлежните не знае кој гради. Од друга страна, ако на некој граѓанин му текне да гради без дозвоја, доаѓаат и го рушат.
Ова е само еден пример и ова не е од сега, не почна од оваа власт, ова трае со години, со децении.
Едни од најпогодените од пандемиската криза, се естрадните работници. Поради мерките за забрана за собирања, особено во затворен простор, многу свадби, крштевки и други прослави беа откажани, а овие работници останаа без своите приходи за егзистенција.
Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, пред една недела, до Владата поднесе барање за организирање на итна средба за донесување на протоколи за работа на економски оператори чија приоритетна дејност преставува послужување на храна и пијалаци на организирани настани и организација на настани како што се свадби, родендени, крштевки, игротеки и ноќни клубови.
Како што се вели во дописот, досега Владата со неколку одлуки овозможи функционирање на речиси сите економски оператори од угостителската дејност, освен на гореспоменатите.
„Согласно претходно наведеното, произлегува дека само на нас горенаведените видови на угостителски објекти повеќе од 130 дена ни е забрането работењето, односно немаме ниту протоколи, ниту дозвола за било какво функционирање и вршење на нашата примарна дејност.
Ваквата забрана дополнета со селективниот пристап на инспекциските служби и овозможувањето на определени угостителски објекти на еден незаконит и здравствено небезбеден начин да организираат настани во форма на забави, свадби, веселби и коктели придонесува за целосно загрозување на нашата ликвидност и егзистенција, а со самото тоа и можноста да ги задржиме нашите вработени, да ги сервисираме нашите обврски спрема нашите коминтенти и деловни соработници, како и егзистенцијата на нашите семејства”, се вели во дописот испратен до Владата.
ТУК од Владата бара организирање на средба во рок од 5 дена од приемот на известувањето како и утврдување на протоколи како и динамика на деловната активност преку јасно утврдени рокови и датуми за отворање на угостителските и јасно дефиниран број на гости кој можат да го сместуваат.
Доколку се утврди дека нема можности се врши дејност, ТУК бара да се донесе посебен економски пакет на мерки за угостителски објекти кои воопшто не ја вршат дејноста.
Во меѓувреме, јавноста е сведок дека се одржуваат концерти на отворено, некои со почитување на мерките, но некаде тоа го нема. Многумина на социјалните мрежи споделија фотографии од концертот на Петар Грашо во Битола, од кои се гледа дека биле присутни многу луѓе, без потребната социјална дистанца.
Една од најгласните кои реагираа на ваквата глетка, беше пејачката од Прилеп, елена Јовческа:
Венко Филипче, овде корона нема а???? Срамота од цел свет што се смее и од држава во која живееме!
Ама свадби нема, крштевки нема хахах. Неписмена генерација на деца има и така тоа е нашата мила Македонија!!!“, напиша Јовческа на социјалните мрежи.
Интересно е што кога асе спомена дека Аца Лукас ќе одржи концерт, уште минатиот месец, се случија огромни реакции во јавноста и концертот беше откажан. За Грашо немаше такви реакции. Тоа се тие двојни аршини од институциите, но и од граѓаните и јавните личности.
Независно кој изведувач одржува концерт. Доколку не се превземаат мерки за заштита, резултатот ќе биде ист!