Ова се 20-те нереални места во САД кои мора да ги посетите во 2019 година

807

Сите сме слушнале или посетиле голем број неверојатни природни чуда ширум светот, но има и повеќе од доволно нереални места кои треба да ги посетите во Соединетите Американски Држави.

Не верувате? “Нахранете” ги очите со овие одлични пејсажи кои мора да ги посетите во 2019 година.

1. Гранд Призматик Спринг – Национален парк Јелоустоун, Вајоминг

Гранд Призматик е еден од најголемите термални извори, трет по ред во светот и најголем во САД. Се наоѓа во Националниот парк Јелоустоун, Вајоминг, а боите се резултат на пигментираните бактерии во водата.

2. Ваткинс Глен Стејт Парк – Фингер Лејкс Стејт Парк, Њујорк

Лоциран во Фингер Лејкс Стејт Парк, Ваткинс Глен Стејт Парк е скриен дијамант, познат по својот 120-метри длабок кањон исполнет со неверојатни водопади и одлични пејсажи. Ваткинс Глен на своите посетители им нуди можност за пикник, базен за пливање и места за риболов.

3. Водопад Хорстејл – Национален парк Јосемити, Калифорнија

Овој сезонски водопад (активен е само во текот на зимата и пролетта) во Јосемити ќе ве натера да помислите на Мордор од “Господар на прстените”, но не плашете се – црвено-жолтиот сјај е предизвикан од сонцето кое свети зад водопадот во одредено време во текот на денот.

4. Флај Гејзер – Невада

Гејзерот е создаден ненамерно во 1964 година поради човечка грешка при бушење во земјата, во обид да се најдат извори на геотермална енергија. Дупката која била избушена потоа не била добро затворена, а водата богата со минерали го нашла патот до површината и направила нешто што наликува на фонтана. Флај Гејзер се наоѓа на приватен имот, но толку е масивен што се гледа и од големи далечини.

5. Езеро Моно – Калифорнија

Во моментот кога ќе го видите Моно, ќе помислите дека сте на друга планета. Во езерото се наоѓаат издигнати формации кои му даваат нереален изглед, а тоа се всушност формации од варовник кои своевремено биле подземни, но се претпоставува дека поради испарувањето на езерото, почнувале да стануваат видливи.

6. Блу Риџ Парквеј – Вирџинија и Северна Каролина

Блу Риџ Парквеј е совршено место за релаксирано и бавно возење низ Вирџинија и Северна Каролина. Со должина од 369 милји, можете да пронајдете осум места за кампување, 360 милји долги патеки за планинарење, музички фестивали и можност да им се придружите на ренџерите во прошетки, планинарење и кампување.

7. “Бран”, Аризона

Местото наречено “Бран” (The Wave) е позната карпа која има облик на, погодувате – нереален бран. Оваа необична геолошка креација, сместена во близина на границата меѓу Аризона и соседната држава Јута, веќе со децении претставува незаобиколна точка на маршутите на бројни планинари, кампери и фотографи.

8. Стаклена плажа – Форт Браг, Калифорнија

Во раниот дваесетти век, локалните жители на Форт Браг редовно го фрлале отпадот преку карпите и на плажата под нив. Денес, по години и години ерозија, отпадот е претворен во вистинска уметност која привлекува туристи од целиот свет.

9. Северна светлина – Алјаска

Прекрасната Северна светлина ќе ве остави без зборови кога ќе ја погледнете со свои очи. Сѐ што треба да направите е да ги посетите Фербенкс или Енкориџ во периодот од септември до 20-ти април.

10. Национален парк Секвоја – Калифорнија

Никогаш нема да се чувствувате толку мало како стоењето до огромните секвои кои се високи колку должината на еден фудбалски терен. Најголемата секвоја – Џенерал Шерман е висока 83 метри и стара околу 2500 години, што ja прави најстарото дрво на светот.

11. Бунарот на Тор, Орегон

Ова спектакуларно чудо на природата е наречено Бунарот на Тор и се наоѓа на ‘ртот Перпетуа во Орегон. Овој мистичен бунар голта и исфрла вода и иако е премногу опасно за човек да се доближи до него, неговата убавина е премногу атрактивна за сите фотографи од светот.

12. Глечерски пештери Менденхал – Алјаска

Овие ледени пештери скриени во срцето на 19-километри долгиот глечер ќе ви дадат чувство како да чекорите низ тунел од брилијантни сини облаци.

13. Савана – Џорџија

Декориран со прекрасни цветови од магнолија и калдрми од 18-тиот век, Савана е прекрасен град во кој можете да уживате во богатата кујна, архитектурата, историјата и одличниот јужен шарм.

14. Клисура Онеонта– Орегон

Ова место можеби изгледа како да се наоѓа во бајките, но всушност е сместено на реката Колумбија во Орегон. Клисурата наречена Онеонта е прекрасна за прошетка во топол летен ден, во која ќе уживате во уникатните водни и шумски растенија.

15. Национален парк Драј Тортугас – Флорида

Националниот парк Драј Тортугас е дом на тврдината Џеферсон која американската морнарица започнала да ја гради во 1847 година и никогаш не ја довршила. Местото е изолирано од светот до таа мера што до него се пристапува само со брод или авионче.

16. Полиња со сол во Бонвил – Јута

Полињата со сол во Бонвил се наоѓаат во сојузната држава Јута. Тие се остаток од езерото од плеистоценската епоха, а оваа неплодна пустина е оаза на адреналин – секоја година се одржуваат трки со автомобили, мотори и камиони кои се вистинска атракција.

17. Светилници Мејн – Портленд , Мејн

Светилниците во Мејн се значаен дел од градот Портленд. Доколку имате прилика да отпатувате во Америка, задолжително посетете ги 6-те светилници: “Portland Head Light”, “Ram Island Ledge Light”, “Two Lights State Park”, “Portland Breakwater Lighthouse”, “Spring Point Ledge Lighthouse” и “Cape Elizabeth Lighthouse”.

18. Плажа Дрифтвуд – Џекил, Џорџија

Оваа плажа поседува необична убавина. Тука можете да шетате или да јавате коњ, уживајќи во гранките и корењата од дрвјата кои изгледаат “расфрлано” низ целата плажа поради ерозијата која се случувала со текот на годините.

19. Бели песоци – Њу Мексико

Сместена на околу 26 километри југозападно од Аламогордо, во државата Њу Мексико, оваа прекрасна пустина изгледа како да е покриена со снег, а не со песок. Можете да посетите некоја од туристичките тури во која ќе научите нешто повеќе за нејзиното создавање и кои суштества живеат во дините.

20. Големите езера – Илионис, Индијана, Мичиген, Минесота, Њујорк, Охајо, Пенсилванија, Висконсин и Онтарио

Дали сте зависник од адреналин? Посетете го езерото Мичиген. Барате место за релаксација – езерото Хурон е за вас. Ентузијасти за историја? Езерото Онтарио е местото кое ќе ги исполни вашите потреби. Големите езера, најголемата група на слатководни езера е прекрасно место за кое има по нешто за секој тип на турист.