Од утре температури до -14 степени, доаѓа суво и студено време

751

УХМР информира дека следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Утре и во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

До четврток утринските температури ќе се движат од -2 д0 -14 степени, а дневните ќе бидат во интервал од -1 до 10 степени.