Ова никако не смеат да го прават домаќините за време на куќна слава, скоро сите прават голем грев

391

Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција.

Се повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична пијанка.

Многу домаќини не знаат каде ѝ е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид, или пак на ормарите како украсен детаљ.

Иконата всушност без никакво сомнение, се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот.

Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза.