Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е пред потпишување на најголемиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.
Медиумите во Шпанија објавија дека е се договорено меѓу Реал и Адидас за соработка во периодот од 2020 до 2030 година. За тоа време “кралскиот клуб” ќе заработи 1,1 милијарди евра, односно по 110 милиони годишно. И тоа не е се: од додатоци од продадени дресови и бонуси, приходите можат да достигнат и 150 милиони евра годишно, а има и клаузули за шампионска титула во шпанското првенство и Лигата на шампионите кои изнесуваат 3,5, односно 7 милиони евра.
Со ова, Реал ќе го собори рекордот на Барселона која од Најк заработува по 105 милиони евра годишно. На третото место е Манчестер Јунајтед со 85 милиони евра од Адидас.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























