Ова ја спаси Грција да не биде разурната како Албанија: Земјотресот бил со речиси иста јачина, но

2187

Претседателот на грчкиот Сеизмолошки завод и професор по геологија, Ефтимиос Лекас најави дека деновиве ќе има нови потреси во Грција и регионот.

Лекас истакна дека епицентарот на земјотресот кој утринава ја потресе Грција бил со голема длабочина, а неговата јачина како што е познато, изнесуваше 6,1 степени по Рихтеровата скала.

Акис Целидис, раководител на грчкиот Институт за геодинамика, утринава веднаш после земјотресот изјави дека Грција од големи разурнувања и човечки жртви ја спасило тоа што епицентарот на овој силен земјотрес бил на длабочина од околу 70 километри. За споредба, епицентарот на земјотресите во Албанија беше на длабочина од околу 10 километри.

Длабочината на епицентарот имала клучно влијание за да не дојде до разурнувања и човечки жртви, со оглед на тоа што земјотресот најсилен беше на подрачја недалеку од Крит и Пелопонез кои во некои делови се густо населени.

Лекас исто така најави дека деновиве ќе има нови потреси на Балканот, иако земјотресот кој утринава ја погоди Грција не можел дасе поврзе со земјотресите во Албанија и Босна и Херцеговина.

Да потсетиме, соседна Албанија за 24 часа ја погодија над 250 потреси, од кои два беа со јачина од 6,5 и 6,4 степени по Рихтеровата скала. Во земјотресите загинаа најмалку 27 лица, а над 600 се повредени.

Во текот на вчерашниот ден беше регистриран земјотрес од 5,4 степени по Рихтер во Босна и Херцеговина, кој исто како и земјотресите во соседни Албанија и Грција беше почувствуван и на територијата на Македонија.