Фудбалер од Премиер лигата уапсен поради педофилија

64

Доцна синоќа шокантна вест ја стресе фудбалска Англија. Имено, според пишувањата на „Мирор“ фудбалер на Евертон е приведен во полиција, поради педофилија.

Засега не е откриен идентитетот на фудбалерот, но се шпекулира дека тој е стандарден првотимиец на Евертон, а и повремен репрезентативец на Англија.

Градската полиција ја потврди оваа информација, соопштувајќи дека е уапсен фудбалер поради педофилија, а клубот експресно го суспендира додека трае полициската истрага.

„На 16 јули полицијата приведе 31-годишен маж поради сомнеж за педофилија. Во овој момент можеше да откриеме само толку, затоа што полициската истрага сè уште трае“, велат од полицијата.

Од редовите на премиерлигашот покрај тоа што го суспендираа својот фудбалер најавија секаква поддршка и соработка со властите за што побрзо да се реши овој случај.