Откако ја обвинија дека го позајмила гласот за Луна Џогани, се огласи и Антониа Гиговска и ја откри вистината

115

Победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани по завршувањето на реалното шоу одлучи да се посвети на музичка кариера.

Имено, таа пред некое време беше во Скопје во студиото на Дарко Димитров каде што ја снимише својата прва песна, а  придружните вокали ги пееше Антониа Гиговска.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Меѓутоа во емисијата „Народ пита“, Лепи Миќа тврдеше дека Луна Џогани не ја пее песната туку дека целата песна ја пее Антониа.

„Не го видов најавниот тизер, но ја слушнав песната, а она што го слушнав во многу што ме потсетува на онаа малата Антониа“ – тврди Миќа.

ФОТО: ПРИНТСКРИН

По тој повод се огласи и Антониа која за „nemazabranjenih.rs“ тврди дека тоа не е вистина.

„Тоа е песна на Луна. Секако дека таа ја отпеја. Јас само ги пеев придружните вокали. Тоа што го кажа Миќа нема врска со вистината и такви приказни не сакам да коментирам“ вели Антониа за „nemazabranjenih.rs“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНТОНИАГИГОВСКА

За потсетување, песната на Луна ќе би објавена утре во 14часот на „Јутуб“.

Инаку, ова не е првпат како Гиговска пее придружни вокали. Таа исто така пееше придружни вокали и на евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска.

loading...