Новинарите се чувствуваат понижени по изјавата на Заев дека „суетен новинар“ и педер не можат да ја урнат Владата

44

Новинарката  Тамара Чаусидис реагираше по изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече „Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја урне Влада“.

„Не се сомневам дека новинарските организации #ЗНМ #ССНМ Совет за етика ќе реагираат на непримерната изјава на премиерот Заев и ќе застанат во одбрана на колегата Бранко Героски. Сигурна сум дека нема да го остават сам во оваа ситуација, затоа што ова не е само напад на Героски, ова е напад на новинарството и на новинарите. Откако се уверив дека изјавата не е некоја смешна монтажа, а ми требаше време да поверувам дека е реално она што го слушам, можам да кажам дека сум поразена, длабоко, лично – поразена! Сакав да верувам дека демагогијата на тема „слобода на изразување“ е искрена заложба со која оваа гарнитура дојде на власт, ама за која ете се досега се немало време, се некои други приоритети се на маса, ама кај да е барем насоката е правилна, се оди на ослободување, на немешање. Сакајќи да верувам се трудев да ја замолчам или да не и обрнувам внимание на интуицијата, на сомнежите особено по катапултирањето на Боки 13 како медиумски магнат кој се шепури со селфија со цела влада, навистина се обидував, ама вечерашнава изјава за суетниот новинар покажа дека ништо не се сменило, дека се што сме зборувале, за што сме се бореле донесе на власт само друга група која внимаваше јавно да не ги декларира истите вредности истото сфаќање на новинарството како и претходната. Поривот на новинарот да му лепите лични етикети (суетен, платеник) е ништо друго освен обид да се оцрни преку етикетирање новинарската работа која не ви се допаѓа или ве загрозува. Дали некој е суетен, повеќе или помалку темпераментен, дали е нервозен или бавен во реакциите, дали е убав или грд нема никаква врска со неговата новинарска работа. Интегритетот и тестот за новинарот е неговиот – производ и само врз основа на него тој смее да биде оценуван, критикуван, фален или деградиран. А тоа секако е работа на публиката, а не е работа на политичарите, а уште помалку на власта. Згора неа тоа обидот да барате „мотиви“ зад неговото пишување – дека ја уривал владата веќе е ново дно, тоа веќе говори за сериозен демократски дефицит и потреба да се пресмета не со оние што поткупувале и изнесувале вреќи, пардон брентирани чанти, пари врз основа, меѓу другото, и на демонстрација на блискоста со премиерот, туку со оние кои за тоа говорат или со право поставуваат прашања. Поддршка за суетните новинари. И да, немате појма колку сме суетни!“, напиша Тамара Чаусидис.

loading...