По однос на јавната набавка на за сувенири што ја распиша општина Чаир и за тоа колку пари ќе се потрошат за истата, во услови на економска криза, од општината ни откриваат колку е проценетата вредност на парите што ќе се потрошат и велат дека сумата ќе ја откријат откако ќе заврши набавката.
– „Имајќи предвид дека постапката за јавна набавка е сеуште во тек – огласот за јавна набавка е отворен а проценетата вредност за јавната набавка не е јавно објавена со цел да се понудат реални цени а не економските оператори да се врзуваат за проценетата вредност. Дополнително како информација се работи за сукцесивна набавка што значи дека се предвидени максималните количини и предвидени средства што не значи дека ќе бидат искористени сите. Јавното отварање е на 19 август. По јавното отварање ќе можеме да Ви доставиме информација во однос на предвидените средства за предметот на набавка која во зависност од доставените понуди може да биде во помал износ од предвидените средства. Во секојдневното работење од страна на Општината се организираат различни активности од повеќе области, се остваруваат средби со високи државни и странски претставници, фондации и организации, делегации, амбасадори, успешни млади, како и институции со кои се склучуваат билатерални соработки. Имајќи го предвид обемот и значајноста на овие средби како и покажување на еден мал гест кон нашите гости, ние како Локална самоуправа имаме потреба за конкретната набавка и истовремено во обем кој не би влијаел кон преземените мерки за соочување со економската криза.“ – велат од општината.
Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината.