Опасна ескалација во Мисури: Најмалку четворица полицајци ранети во размена на оган со демонстрантите

192

Според последните информации, најмалку четворица припадници на полицијата се ранети во размена на оган во американски Сент Луис во сојузната држава Мисури.

Полицајците биле хоспитализирани, а според американските медиуми нивните животи не се загрозени. Од градската полиција соопштија дека нивните службеници и натаму се изложени на пукање со огнено оружје во централното градско подрачје.

До размената на огнот помеѓу демонстрантите и полицијата дошло во близина на главното седиштена полицијата во Сент Луис.

На огнената пресметка му претходеле повеќечасовни судири помеѓу полицијата и демонстрантите кои излегоа на улиците поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од страна на полицијата при апсење.

Според локалните медиуми, полицајците се нашле на мета на огнено оружје откако започнале да користат поголема количина на солзавец, со што го навлекле гневот на демонстрантите.

Во текот на ноќта во Сент Луис исто така биле запалени неколку продавници, а хаосот се шири во градот како и во многу други градови ширум Соединетите Американски Држави.