Данок во вид на еко-такса од 27,90 евра за да поминете низ центарот на Лондон

280

Лондон од денес воведува дневен данок од 27,90 евра за возила кои емитуваат висок степен на загадувачки материи, односно автомобили кои не исполнуваат најмалку Euro 6 стандарди.

Такси ќе платат возачите што возат автомобили во централниот дел на градот, а лондонските власти веруваат дека во борбата за почист воздух тоа е подобра мерка отколку забраната на дизел возила, известува The Guardian.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан им вети на сограѓаните дека ќе ги намали емисиите на штетни гасови од сообраќајот во градот со осум милиони луѓе.

Се проценува дека новите мерки преземени од лондонските власти ќе погодат околу 2,5 милиони автомобили и комбиња за транспорт во градот.

Според FAZ, германските градови размислуваат за забрана на дизел возилата заради намалување на загадувањето, а британската престолнина тргна на друг пат како би ја постигнала таа цел.

Дали ваквите мерки кои ги дискриминираат граѓаните и овозможуваат само богатите да може да си дозволат да се возат во своите автомобили иако загадуваат служат само да се полнат државните буџети или се вистински еколошки мерки против загадувањето на воздухот, проценете самите.