Оливер Стоун порачал: Да не е Владимир Путин, Русија би била вазал на Америка

656

Претседателот на Русија, Владимир Путин, спречил Русија да се претвори во “вазал на Соединетите Американски Држави”, рекол познатиот американски режисер Оливер Стоун.

“САД можеа да станат партнер на Русија, но тоа не се случи поради пари. На Вол Стрит одлучија дека Русија треба да се освои, да се преземе бизнисот. Се појавија сите тие олигарси. Путин почна да се спротивставува на тоа, да ја штити земјата. Да не беше тој, Русија ќе беше уништена, ќе се претвореше во американски вазал”, рекол Стоун за “Русија 24”.

Според неговото мислење, ако Русија станела американски вазал, тоа било полошо за целиот свет па и за самите САД, бидејќи ќе станеле помоќни и ќе се претвореле во тиранија.

“Никој не би требало да има премногу моќ. Тоа е само закон на природата – мора да постои баланс”, истакнал тој.

Како што додал, Русија и САД би можеле да соработуваат во борбата против ковид-19 како и во производството на “чиста енергија”.

Истовремено, режисерот смета дека САД се заинтересирани за постојан надворешен противник за да ги снабдуваат нарачките на својот огромен воено-индустриски комплекс. Во таа улога биле земји како Венецуела, Иран, Куба.

“Зошто тие не можат да се сопрат? Затоа што во игра се големи пари. Пари и договори. Не е само Русија. Да не е Русија, ќе најдеа друг непријател”, објаснил тој.