Оле доби “блиц“ прашање на прес – дали ако ги победи ПСЖ и Ливерпул, ќе ја добие работата…

931

Несомнено дека големата серија на победи која Оле Гунар Солскјер ја изгради овие скоро два месеци во Јунајтед, му дава за право да се надева и на добар резултат во ЛШ вечерва.

Манчестер Јунајтед како домаќин вечерва го пречекува кадровски разнишаниот ПСЖ, кој ќе гостува во Англија без неколку важни играчи.

На вчерашната пресконференција, евидентно беше задоволството и оптимизмот кај Оле Гунар Солскјер.

Имаме самодоверба, кога сме свои, кога ја играме нашата игра, нема многу екипи кои можат да не надиграат на Олд Трафорд. Со нетрпение го очекуваме овој меч. Се сеќавам на мојот последен меч во ЛШ со Јунајтед, кога ја победивме Рома 7-1 на Олд Трафорд, тоа беше таа посебна Олд Трафорд ноќ“,

„Алекс Фергусон беше донекаде среќен поради тоа што во Рома загубивме само 2:1, бидејки ни рече, во ред е, ќе ги победиме дома. Тоа сакам и јас сега да им го кажам на моите играчи, да влезат во натпреварот со самодоверба“.

Оле беше прашан дали доколку ги добие ПСЖ и Ливерпул во следните неколку меча, ќе биде круцијален момент во тоа управата да му обезбеди постојана работа во клубот, а одговорот на Солскјер беше едноставен… „Да, можно е!“.