Знамето на НАТО поставено пред Владата

0
71

На свечена церемонија денеска пред Владата беше кренато знамето на НАТО. Премиерот Зоран Заев рече дека со влезот во НАТО, почнува нова страница во историјата на Македонија.

– Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.

– Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел, рече премиерот.

Тој истакна дека Македонија овие денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди. Заев рече дека веќе никој нема да нè блокира од надвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here