Новото истражување покажало дека зголемувањето на сонот помага во губење што е можно повеќе килограми, бидејќи нерегуларниот и пореметен циклус на спиење го зголемува апетитот и ја менува реакцијата на телото на храна и вежби.
Истражувањето го спровеле експерти од Европско ендокринолошко друштво, а анализирале како недостатокот на сон влијае на губењето килограми.
Експертите покажале дека луѓето кои страдаат од недостаток на сон преферираат повеќе храна, им требаат повеќе калории, носат повеќе ирационални одлуки поврзани со храната, чувствуваат поголемо задоволство додека јадат храна и трошат помалку енергија.
Нерина Рамлакан, психолог и терапевтка за спиење, рекла:
„Недоволното спиење го тера телото на криза и ‘преживување’. Се движите на адреналин кој ве тера да произведувате и чувате маснотии, особено во средишниот дел од телото. Процесот на распаѓање на мускулите ви го успорува метаболизмот и така накачувате килограми.“
За квалитетно да се наспиете, ви носиме неколку совети и трикови:
Оставете го мобилниот уред
Сигурно досега веќе сте слушнале дека мобилните телефони емитуваат сино светло кое го пореметува нивото на хормонот потребен за сон – мелатонин.
Просторијата во која спиете треба да биде поладна од останатите во станот
Исто така, пишувавме дека високата температура за време на спиењето лошо влијае на здравјето.
Внимавајте на внесот на кофеин
Последното консумирање на кофеин треба да биде до 17 часот. Ако подоцна внесете кофеин, нема да можете да заспиете.
Не јадете пред спиење
Консумирањето храна во период од три часа пред спиење може да доведе до проблеми со варење и телесни киселини, па дури и да предизвика ноќна мора.
Топол туш
Топлиот туш 20 минути пред одење во кревет, им помага на луѓето да заспијат дури за 50% побрзо и го продолжува времето за спиење за 15 минути.