Девојче со две ампутирани нозе го покори детскиот моден свет

880

Светот на модата бара многу од една возрасна личност, дури и кога си здрав. А, доколку си детски модел, може да биде многу потешко доколку изгледа поразлично.

Девојчето Дејзи Меј Деметре од Бирмингем има двојна ампутација на нозете, но не дозволила тоа да ја спречи во остварувањето на соништата. Има седум години, а откако го покори светот во детското манекенство, таа потпиша договор за марката Zeebedee Managеment, агенција која застапува различни модели, пренесува Метро.

Дејзи Меј е родена со вродена мана поради која ѝ недостига дел или цела фибулна коска во ногата. Во нејзиниот случај имала мала коска во едната нога, а во другата нога сосема ѝ недостигала. Со оглед на тоа дека ѝ биле погодени рамнотежата и подвижноста, родителите на девојчето одлучиле да ѝ ја овозможат најдобрата опција, да направат ампутација под колената на двете нозе.

После операцијата добила протетички нозе, па набрзо не само што можела да се движи туку и трчала, скокала и правела сè што прават и нејзините врсници.

За да му покажат на светот колку неверојатна и чудесна е нивната Дејзи Меј, родителите ѝ направиле Инстаграм профил посветен само за неа. Откако добиле големо внимание и следбеници, родителите се обратиле кај агенцијата Zeebedee Management и набрзо малото девојче добило договор со агенцијата. Дејзи Меј се појави на ревијата за детската модна недела во Лондон.