Од следната недела ни доаѓа големо затоплување – температурите ќе одат и до 30 степени

811

Следува период на потопло време со температури кои на крајот на следната недела ќе достигнат 29 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на потопло време, со значително затоплување од средината на следната седмица, а во почетокот на седмицата ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Утре дневната ќе се движи меѓу 13 и 21 степени, во понеделник од 17 до 24, вторник од 17 до 23 степени, среда од 19 до 25, четврток од 21 до 28 и петок од 23 до 29 степени.

Утринсктите ќе бидат меѓу 1 и 10 степени утре и задутре, а од вторник од 5до 13 степени.