ОД ПОЛНОЌ ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА

350

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96 отсто.

„Одлуката следува како резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и тоа кај бензинот во просек за 5,531 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,256 отсто, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 5,965%  и кај мазутот зголемување e во просек за 2,735 отсто“, соопшти РКЕ .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,412 отсто.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажните цени ќе бидат следните:  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит,  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и ќе изнесува 25,396 ден/кг.

Од 23.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  60,50(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  62,50(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  41,00(денари/литар)

Мазут М-1 НС    25,396(денари/килограм)

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопштија регулаторите.