Црни прогнози од познатиот економист за 2019 година: ЕУ ќе се сруши одвнатре, а овие земји ќе станат “новата Грција”

0
478

Европската Унија ќе се сруши одвнатре оваа година, тврди Мич Фајерстајн, инвеститор и економски аналитичар, и вели дека ќе останеме изненадени од земјите кои ќе станат “новата Грција”.

Оваа година ќе биде жестока за Европската Унија не само поради Брегзит, туку и затоа што и другите членки ќе го фрлат овој блок на колена, изјавил Фајерстајн за емисијата “Keiser Report” на телевизијата “Russia Today”. Како што вели тој, националните протести во Франција се првиот показател на она што нè очекува.

“Ќе видите глобални немири. Ќе видите што ќе се случува во Италија кога Европската Унија ќе проба да им наметне одредени работи”, изјавил британско-американскиот инвеститор додека зборувал за “драконските мерки на штедење”.

Меѓутоа, не е само Италија во опасност да тргне по патот на задолжената Грција – на оваа листа се најде и Франција поради екстремно нискиот рејтинг на претседателот Емануел Макрон, високиот процент на невработеност и огромните социјални нееднаквости.

“Италија има долг од 4 трилиони и вели дека нема да го отплати. Во Франција ситуацијата е слична, но таму имаат граѓански протести и народ кој го спалува Париз. Некој тука мора да замине”, проценува Фајерстајн.

И Италија и Франција ги кршат правилата за буџет на Европската Унија. По само една година придржување, Париз најави дека буџетскиот дефицит во 2019 година ќе биде за 0,2 отсто повисок од прагот од 3 отсто, колку што дозволуваат правилата на ЕУ. Брисел се согласил да го толерира ова кршење.

Италија е во голем конфликт со Унијата, кога станува збор за буџетот. Минатата година, Европската комисија пробала да ја стави Италија под “дисциплинска мерка” поради кршење на регулациите, а конфликтот бил решен дури во декември, кога Италија се согласила на договорот за буџет, и покрај жестоките критики на опозицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here