Ќе се намали цената на струјата, РКЕ денеска ќе објави за колку

819

Новата цена на струјата ќе се знае денеска по подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика. Новото раководство на РКЕ вчера на средба со новинарите најави дека ќе има минимално намалување на цената на струјата.

Како што информираа од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.