Владимир Дробњаковиќ на социјалните мрежи објавил дека сите државјани на Србија при влегувањето во Грција се тестирани и дека граничната полиција им зема податоци од пасоши и број на лични карти.
Како што наведува, полицијата прашува за местото каде туристите престојуваат во случај да се открие дека се заразени.
“На граница чекавме еден час. На сите државјани на Србија им се прави тест, им се земаат податоци од пасошите и број на телефон. На крајот добиваме информација во наредните 24 часа да не излегуваме од соба, а во рок од 72 часа ни доаѓаат резултатите, па се јавуваат ако некој, недај Боже, е позитивен. Граничната полиција прашува за местото каде што престојувате”, напишал Дробњаковиќ, пренесува “Srbija24”.

Неговата објава предизвикала голем број на коментари и негативни реакции во кои се осудува ваквиот потег на грчките власти.
“Одиш на море и седиш во соба…”мало морген””, гласи еден од коментарите на објавата.

Меѓутоа, изгледа дека тестирањата на границата не се толку ригорозни, за што сведочат искуствата на останатите членови на оваа група.
Имено, на влезот во Грција се вршат спорадични тестирања, па повеќето српски туристи при минувањето на бугарско-грчката граница воопшто не даваат брис од грло или нос.
“Тестовите се прават по случаен избор, некого тестираат, некого не, доволно сте зрели да сфатите дека е чиста среќа во прашање. Но сега кога ќе почнат годишните одмори, тестови воопшто нема да има, бидејќи најавија слободно движење од 1-ви јули. Голем поздрав”, гласи друг коментар.
