Директорот на болницата во Гевгелија, д-р Димитар Крџев, вели дека целото нејзино семејство биле позитивни на ковид, а девојката била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика
Осумнаесетгодишна трудница од Гевгелија е најмладата жртва на ковид во денешната статистика на Министерството за здравство. Како што пренесува ТВ24, девојката била во седмиот месец од бременоста.
Таа имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром, а во гевгелиската болница дошла со силно изразени симптоми на ковид-19. Таму била хоспитализирана само едно деноноќие по што била префрлена на скопските клиники.
Директорот на болницата во Гевгелија, д-р Димитар Крџев, вели дека целото нејзино семејство биле позитивни на ковид, а девојката била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика.
„Со оглед дека имаше комобирдитети односно тешко срцево заболување и редок генетски синдром, а заради наглото паѓање на сатурацијата одлучивме да ја препратиме на клиниките во Скопје каде по неколку дена лекување починала“,
изјави д-р Крџев за ТВ24.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















