Тажно е што легендата си заминува на ваков начин: Џек Николсон една година никој не го видел – пријател откри што се случува

80

Холивудскиот актер Џек Николсон веќе една година не е виден во јавноста, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.

Тројниот оскаровец ги живее своите ‘тажни, последни денови’ во вила во Беверли Хилс, пренесуваат странските медиуми.

„Џек и јас сме пријатели со години и тој повеќе не излегува од својот дом. Неговите син и ќерка се грижат за него“, рекол негов пријател за „Радар Онлајн“.

Иако актерот има пет деца, најчесто е фотографиран во друштво на ќерката Лорин и синот Рај.

„Физички е добар, но ментално не е најдобар. Навистина е многу тажно да видите актер како Џек да си заминува на овој начин“, рекол изворот.

Славниот актер последната улога ја одиграл во филмот „How Do You Know“ од 2010-та година.