Скопје и денеска во топ 10 најзагадени градови во светот

0
24

Скопје и денеска високо котира на светската листа на најзагадени градови.

Според глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“), Скопје утрово е меѓу првите десет најзагадени градови во светот, односно на седмото место. Нашата метропола е во групата на градови од Пакистан, Индија, Авганистан и Бангладеж.

Според апликацијата за мерење на загадувањето „Мој воздух“, дозволената концентрација на ПМ 10 честичките кои се многу ситни и содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи, синоќа била неколку пати над дозволената граница на повеќе места во Скопје.

Откако пред некој ден загаденоста во населбата Ѓорче Петров беше алармантно голема, мерната станица таму веќе не работи.

Исто така, инструментот за мерење на ПМ10 честички во Гази Баба е исклучен од 14 август оваа година, а во Лисиче од 5 октомври.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here