Британска тинејџерка испишува бајка на Ју Ес Опен: “Очекував дека ќе си бегам дома!”

26

Сензационалната Ема Радукану без изгубен сет стигнала до полуфиналето на Ју Ес Опен, а после новите победи открила дека ни самата не се надевала дека ќе стигне до овде.

Радукану која има само 18 години од ден на ден изненадува на Ју Ес Опен, а со новата победа дојде до полуфиналето иако на Гренд слем турнир се појавува по вторпат.

Младата Британка во два сета изненади и ја отфрли Белинда Бенчич и без изгубен сет дојде до полуфиналето. После мечот на новинарите им откри дека не очекувала ваков успех.

“Дефинитивно многу ми значи овој успех. Не очекував дека ќе бидам овде. Летовите ги пропуштив после квалификациите, бидејќи очекував дека тогаш ќе си заминам дома, така што сега сум во “убави проблеми”, порача Радукану.

Радукану зад себе има интересна животна приказна. Нејзиниот татко е Романец, додека нејзината мајка е кинескиња. Се родила во Канада, но одлучила да настапува за Велика Британија каде и научила да игра тенис.