Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави дека интензивно се работи на изградбата на новиот мост во рамки на проектот за пробивање на булевар АСНОМ со кој од Аеродором до Мавровка , како што вели тој, ќе се стигнува за 5 минути.
„Интензивно се работи на мостот на бул. АСНОМ. Од Аеродром до Мавровка за помалку од 5 минути. 6 коловозни, две велосипедски и две пешачки патеки. Нови коридори во нашиот град“, напиша Шилегов на Фејсбук.
Градот пред две години ја започна постапката за изградба на коридор за поврзување на Аеродром, Гази Баба и Центар. Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз.







![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-100x70.jpeg)


