(ВИДЕО) Крал на шеснаесетникот: Магичен гол на Пандев против Киево

763

Џенова оствари победа синоќа на домашен терен против Киево со 2:0, а во тоа свој придонес имаше и нашиот Горан Пандев.

Гранде Гоче беше стрелец на вториот гол, со кој беше потврдена победата, а само неколку минути подоцна, тој беше изваден од игра.

Пандев реагирал несвојствено, бидејки бил незадоволен од тоа што само две минути по постигнатиот гол бил изваден од игра, па по натпреварот, дојде и коментар од клубот за однесувањето на Пандев.

Пандев бил лут и незадоволен? Тоа е сепак добар знак бидејки има желба уште да работи за својот клуб. Одлуката да се извади Пандев од игра беше коректна и исправна“, порача претседателот на клубот, Енрико Пресиози.

од друга страна, тренерот Балардини изјави:

Пандев е голем шампион, добар фудбалер кој работи одлично. Неговата реакција ќе ве натера да разберете колку такви играчи го сакаат играњето фудбал и желбата во него“.