Медиумите од Зимбабве објавија видео од моментот на нападот врз претседателот Емерсон Мнангагва кој се случи за време на неговиот предизборен митинг на стадион.
Тој ги поздравувал присутните на митингот по завршувањето на говорот и се упатил кон затворената просторија зад бината, во придружба на повеќе државници, кога се слушнала силна експлозија

Мнангагва изјави дека бомбата експлодирала неколку сантиметри од него и дека станува збор за кукавички чин.