Италија бара седумте бродови на кои се наоѓаат илијадници мигранти да се вратат во Африка, тврди шпанската организација Proactiva Open Arms. Како што пренесува Дејли Меил, Италијанците бараат мигрантите да бидат спасени од либиските служби, а не од бродовите на европските хуманитарни организации.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини рекол дека илијадници мигранти кои чекаат спасување, треба да бидат спасени од либиската крајбрежна стража. Додаде дека побарувачите на азил треба веднаш да бидат вратени назад во Либија и покрај тоа што хуманитарните организации наведуваат дека им се заканува силување, тепање и експлоатација.
“Уште илијадници мигранти?”
“Уште илијадници мигранти во гумени чамци? Либиските власти имаат право да интервернираат без да ги вклучат бродовите на хуманитарните организации”, напиша Салвини на својот Твитер профил.
“Некои либиски власти интервенираат како што го правеле тоа и досега. Без помош и вклучување на хуманитарните бродови. Тие луѓе, кои ги финансират Сорос и друштвото, знаат дека италијанските пристаништа се затворени за нивните бродови кои ги спасуваат луѓето кои бараат азил, а и затворени ќе останат”, додаде.
Proactiva Open Arms на Твитер утврди дека Италија ја одби нивната помош и покрај тоа што седум бродови со мигранти чекаат помош. Велат дека и италијанската крајбрежна стража на сите останати хуманитарни бродови кои се наоѓаат на тоа подрачје им пратиле порака дека не им е потребна нивната помош.
“Ќе бидеме сведоци на најголемото отфрлање на мигранти во историјата”, напишаа.
“Италија повеќе нема да биде камп за бегалци”
Салвини објави дека Италија повеќе нема да биде европски камп за бегалци така што сака бројот на мигранти кои по овој пат пристигнуваат во Италија драстично да се намали. До ова доаѓа десет дена откако Италија не дозволила пристап на повеќе од 600 мигранти на некои од нивните пристаништа. Салвини тогаш ги обвини хуманитарните организации дека играат улога на “такси служби” за мигранти и дека Италија нема да биде нивното паркинг место.
Состанок поради мигрантите
Денес во Брисел одржан е мини самит на 16 држави членки на Европската Унија каде главната тема биле мигрантите.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте рече дека Италија има предлог за сосема нов пристап за прашањето миграција и азил, кој се нарекува Европска повеќеслојна стратегија за миграција.
“Таа стратегија има шест услови и десет цели. Тоа е предлог кој има за цел за надминување на договорот во Даблин”, рече Конте.
Италија сака сите членки да го прифатат својот дел од одговорностите за економски мигранти кои влегуваат во Е.У, а потоа членките кои тоа не го сакаат да добијат помалку пари од европскиот фонд. Според италијанскиот предлог, секоја земја членка треба да има квота за економски мигранти.
“Нашиот став е Шпанија да ги исполнува своите обврски. Секако, подготвени сме да постигнеме заеднички договор за тој глобален предизвик, а тоа е миграцијата која доаѓа посебно од западниот Медитеран и барам целосна поддршка од нашите пријатели, другите држави членки, како би можеле да го контролираме преливот на кој досега сме изложени од западниот Медитеран”, вели шпанскиот премиер Педро Санчез.