Али Фуркан убиецот на Пино во мај влегол, па излегол од Македонија

103

Обвинителката Виолета Раичевиќ по денешното рочиште изјави дека од МВР добиле информации дека осомничениот Али Фуркан на 10 мај влегол во земјава, а на 27 му се губи трагата. Toj најверојатно повторно избегал наддвор од земјата.

Според Раичевиќ, полицијата интензивно работи во земјава и надвор од неа на лоцирање и апсење на Фуркан.

Обвинителката на денешното рочиште влезе во жестока дебата со судијката откако одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара одложување на почетокот на судењето за убиството на Пинета Секондо. Адвокатот Еленко Миланов рече дека поканата за судењето ја добил пред 4 дена и немал време да ја спреми одбраната.

На ова реагираше обвинителката и рече дека секое одложување е  на штета на обвинетата.

Таа на судијката и рече дека треба да биде запазен процесниот морал и да се земат во предвид терминот кога се случило убиството, од кога е подигнато обвинението и слично. На тоа реагираше Миланов, кој рече дека низ судењето ќе се види дали бил запазен процесниот морал, на што реагираше мајката на Пино, Маја Трпковска

Во судницата низ солзи ова го слушаше мајката на Пино, која откако слушна дека ќе се одложи судењето, веднаш ја напушти судницата.

На почетокот Миланов побара од Судскиот совет да не биде снимана, но судот го отфрли нивното барање.

26 годишниот Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од декември лани, а случајот во полиција беше пријавен од неговата мајка. Потрагата по Пино траеше повеќе од пет месеци, се до 29 април годинава, кога  непознат граѓанин во полиција пријави дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења. Два дена подоцна, на 31 мај, МВР до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Али Фуркан(27) и Ангела Ѓорѓиевска (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

Осомничениот Али, моментално е во бегство и не е достапен да одговара за кривичното дело за кое е обвинет. Засега ќе и се суди единствено на Ѓорѓиевска.

Судењето ќе продолжи на 27 ноември.