Сончево време со мала до умерена облачност

162

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во југоисточните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени.