Дали сте знаеле дека на Земјата постои бесмртно животно? Кога ќе дојде време за смрт, се регенерира и се враќа на почеток

4821

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од идејата за вечен живот. Дури и во последните неколку години, милијардерите го трошат своето богатство на развивање најнови технологии кои ќе им ветат бесмртност.

Но, тајната на бесмртноста не значи нужно спречување на стареењето. Наместо тоа, таа можеби се темели на враќање на животниот циклус наназад, кон првиот стадиум. Тоа е барем тајната на “Turritopsis dohrnii” или попозната како – бесмртна медуза.

“Turritopsis dohrnii” е вид мала медуза која развила метод на подмладување и враќање во состојба на сексуално незрела единка. Медузата има облик на ѕвоно и е широка само 4,5 милиметри. Нивниот релативно голем стомак е со силноцрвена боја, а транспарентното тело ги прави исклучително тешки за воочување.

Овој вид медуза потекнува од Тихиот Океан, а низ светот се проширила благодарение на морепловците и транс-арктичките миграции. Таа денес живее во тропските регии на сите светски океани и мориња.

И додека повеќето медузи имаат релативно фиксиран животен век кој варира помеѓу неколку часа до неколку месеци, “Turritopsis dohrnii” развила способност да се врати во состојба на полип – нејзиниот најран стадиум на живот, кога се соочува со изгладнување, физичко оштетување или надворешна закана.

Под нормални околности, овој вид се размножува на стариот добар начин: со помош на јајце клетки и сперма. Но, во вонредни околности, медузите ги трансформираат своите постоечки клетки низ процес на конверзија познат како “трансдиференцијација” –процес идентичен на оној во кој научниците ги претвораат матичните клетки во други човекови клетки.

Во текот на овој стадиум, медузите се закачуваат за цврста површина, се претвораат во топчест облик и се регрутираат како колонија на полипи. Бесмртната медуза е првиот познат повеќеклеточен организам кој е во состојба целосно да се преобрази во сексуално незрела фаза по достигнување на полова зрелост. Со тоа, “Turritopsis dohrnii” е биолошки бесмртна и го живее најголемиот сон на човекот, а не е ни свесна за истото.

Медузата може да се нарече бесмртна, но тоа не значи дека таа може да умре. Тие можат да бидат убиени, ообено во нивниот ранлив стадиум на полипи, од страна на предатор или болест.

Како што можете да претпоставите, ваквото откритие предизвикува голем интерес во медицинските истражувања. Со проучување на трасдиференцијалните способности на бесмртната медуза, научниците можат подетално да проучат дали може да се забави биолошкото стареење или дури да се врати наназад.