Нови детали за убиството во Топанско: Убиени две млади момчиња

333

Две лица беа убиени синоќа во престрелка која се случи синоќа во околу 03:00 часот се случи на ул. Македонско-Косовска бригада во скопската населба Топанско Поле.

Двајцата убиени биле на возраст од 24 и 28 години, објави А1он. Жртви на убиството се А.Б. и Б.В.

Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пуштил и автоматска пушка.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот.