Нова афера ја тресе Австрија: Курц му испратил бакнежи на секретарот, откриени и експлицитни фотографии?

1221

Нова афера ја тресе австриската влада на чие чело се наоѓа канцеларот Себастијан Курц, откако медиумите дојдоа до пораки кои тој наводно ги разменувал со поранешниот секретар во министерството за финансии, Томас Шмид.

Освен пораките со бакнежи кои канцеларот наводно му ги испратил на секретарот, кои отворија многу прашања за нивниот меѓусебен однос, во телефонот на Шмид биле пронадјени и околу 2500 експлицитни фотографии.

Во австриската јавност веќе со денови се шпекулира што пишувало во пораките кои се откриени откако, после аферата „Ибица“, беше продолжена истрагата и против останатите членови на Слободарската партија на Штрахе, но и Народната партија на Курц.

На Шмид му бил запленет телефонот во кој, како што пренесува “Sueddeutsche” наводно се било избришано, но форензичарите сепак успеале да дојдат до пораките, меѓу кои имало и пораки кои Шмид ги разменувал со Курц.

Во преписката може да се види како Курц му пишува на Шмид: „Ќе добиеш се што ќе посакаш“, а покрај текстот стојат емотикони со бакнежи. На тоа Шмид одговара: „Многу сум среќен. Го сакам мојот канцелар“. Неколку седмици откако овие пораки биле разменети, избила аферата „Ибица“.

Освен пораките, во телефонот на Шмид биле пронадјени околу 2,500 експлицитни фотографии на кои, како што пренесуваат австриските медиуми, имало машки полови органи. Обвинителството истражуа од каде се фотографиите, но се истражува и како доказите испливале во јавноста.