Полска протера тројца руски дипломати

113

Тројца вработени во руската амбасада во Варшава се прогласени за „персона нон грата“, соопшти полското Министерство за надворешни работи.

„Рускиот амбасадор во Полска беше поканет во Министерството за надворешни работи на 15 април 2021 година. На амбасадорот му беше предадена протестна нота, која содржи информации за прогласување на тројца вработени во Руската амбасада во Варшава за „персона нон грата“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи ја наведе причината за донесувањето на оваа одлука: „споменатите лица ги прекршиле условите за дипломатски статус и се занимавале со работи што и штетат на Полска“.

Претходно беше објавено дека рускиот амбасадор е поканет во Министерството за надворешни работи, меѓу другото, поради воведувањето на нови американски санкции против Русија и ситуацијата во источна Украина.

Да потсетиме, Соединетите Американски Држави денес објавија дека ќе воведат санкции за шест руски технолошки компании, како и протерување на десет руски дипломати.