За време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Сингапур, дојде до недоразбирање со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров поради протоколот.
Имено, руската делегација во која што бил и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како и портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков, направи „метеж“ пред салата за свечености во Сингапур, а се претпоставува дека тие сакале да влезат внатре.
Сепак, лицата задолжени за протоколот не им го дозволија тоа, а еден од нив дури мораше и да застане пред нив со раширени раце со цел да им покаже каде им е местото.
Сите недоразбирања набрзо беа решени откако се појави рускиот претседател Влдимир Путин заедно со претседателката на Сингапур, Халиме Јакоб, па после влегувањето на двајцата лидери, на останатите членови на делегацијата им беше дозволено да влезат во салата.
Новинар на руската новинска агенција „РИА Новости“ го снимаше сето тоа, а потоа видеото го објави и на социјалната мрежа „Твитер“.
Когда очень стремишься попасть в зал переговоров, но чужой протокол не пускает. Впрочем, появление Путина и президента Сингапура мгновенно решило все противоречия pic.twitter.com/CxQoqnCEtj
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) November 13, 2018