Николов го напушта Мол Фехервар и се сели во Италија!?

81

Италијанските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Бобан Николов наскоро ќе го напушти Мол Фехервар и ќе потпише за екипата на Лече, која игра во Серија Б и се бори за пласман во Серија А.

Според информациите од Италија, Николов веќе е на медицински прегледи во Италија и наскоро ќе потпише договор со екипата од Серија Б и така тој ќе биде нивно второ засилување во зимскиот преоден рок.

Македонскиот фудбалер од 2018 година настапуваше за Мол Фехервар, а сезонава за екипата од Унгарија одигра 13 натпревари и постигна два гола.

За Лече игра уште еден македонски фудбалер, а тоа е Леонард Жута.