Никој не реагира да го реши проблемот: Уште двајца скопјани искасани од кучиња скитници

230

Уште двајца скопјани вчера биле каснати од кучиња скитници.

Искасани граѓани станаа секојдневна слика во главниот град во државава, а никој не реагира да го реши овој проблем.

Во 20.20 часот во Полициската станица Центар, Б.П. (59) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Личеновски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Додека пак, во 23.40 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С. (36) од Скопје пријавил дека на бул. „Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени.

Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.