Полицијата воочила куп возила од хеликоптер – се изненадиле кога се приближиле

826

Полицијата од Калгари, во Канада, воочила шест возила во напуштено подрачје, но откако се приближила сфатила што се случува, дури и ги пофалила жените кои танцувале, бидејќи одржувале растојание.

„Иако препорачуваме седење дома за да се израмни кривата, ако сте надвор, ве молиме да држите растојание едни од други“, напишале од полицијата.

„Нашиот хеликоптер рутински патролираше поради откривање на сомнителни акивности. На почетокот на оваа недела колегите наидоа на група со возила на паркинг, ништо сомнително не се случувало освен што имало забава среде бел ден. Им благодариме на сите граѓани и на тие танчерки за почитувањето на мерката за физичка оддалеченост“, додале тие.