На огромно задоволство на навивачите, Стеф Кари синоќа се појави на теренот по долга пауза. Фрактурата на дланката го оддалечи поранешниот MVP во најголемиот дел од првенството, па по долго време (неговиот) Голден Стејт Вориорс годинава нема да се пласира во плејофот. По пауза од 58 натпревари, сјајниот шутер се врати во составот на “воините” но, тоа не беше доволно за победа. Tимот од Оукленд беше поразен на свој терен од актуелниот шампион, Tоронто Репторс. Крајниот резултат 113:121, а во првиот меч по повредата, Стеф беше прв стрелец на тимот со 23 постигнати поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















