Џордан: Шокиран сум, Коби беше мојот помал брат и неверојатен татко

451

Малку кошаркари во историјата можат да се споредуваат со Коби Брајант. Сигурно еден од нив е големиот Мајкл Џордан, кој владееше во ерата пред Коби, а еден период играа и еден против друг.

По смртта на големиот кошаркар во несреќа со хеликоптер, Џордан на американските медиуми им се обрати со соопштение, од кое можеше да се заклучи неговата ментална состојба.

„Шокиран сум од несреќата и смртта на Коби и Џиана Брајант. Не можам да ја опишам мојата болка. Го сакав Коби, ми беше како помал брат. Двајцата често разговаравме и тие наши конверзации многу ќе ми недостасуваат. Беше еден од најголемите во кошаркарскиот спорт. Беше и неверојатен татко, си го сакаше семејството и беше горд што неговата ќерка Џиана ја сакаше кошарката“, напиша Џордан.

Двајцата испишаа историја во дресвите на Чикаго Булс и Лос Анџелес Лејкерс и токму заради нивните генијалности, овие два клуба станаа култни и собраа милиони фанови ширум светот.

  • Соопштението на Мајкл Џордан: