Огромен пожар зафати повеќекатница зграда во центарот на Сиднеј, најголемиот град во Австралија. Целиот град е во чад, а околните улици се затворени. Пожарникарите се борат со пламените јазици, а итната помош ја опколи областа. Засега нема информации за повредени.
Според објавените снимки, зградата се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј, пренесува Ројтерс.
Како што јавија австралиските медиуми, пожарот започнал на седумкатница во Сари Хилс, во строгиот центар на градот.
Стотици луѓе беа евакуирани, а фасадата на зградата се сруши на тротоарот. Австралиските медиуми директно го пренесуваа гаснењето на пожарот во Сиднеј.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















