Кучиња скитници спасиле бебе откако една Индијка одлучила да се ослободи од своето дете фрлајќи го во одвод.
Камерите ја фатија на дело Индијката во градот Каитал, како своето бебе го става во најлон, а потоа го фрла во одводот.
За среќа, се појавија кучињата скитници кои што најпрвин го извлекоа бебето, а потоа со своето лаење го привлекоа вниманието на случајните минувачи кои што откако сфатија дека тука има бебе, веднаш ја повикаа полицијата.
Бебето било пренесено во болница каде што му била укажана медицинска помош. Во моментот кога било пронајдено, бебето имало само нешто повеќе од еден килограм и повреда на главата. Полицијата и натаму е во потрага по мајката.