Неверојатни снимки од невремето кое беснее во Србија, а утре пристигнува и во Македонија

2735

Невреме проследено со дожд и град денес напладне погодило делови од Србија, а на посевите е направена огромна штета.

Најдраматични снимки се забележани во селото Мачковац кај Крушевац, Студеници, Трстеник, Крушевац и Сјеница.

“Денес времето ќе биде нестабилно со локални временски неприлики. На повеќе места се очекуваат од 15 до 35 мм дожд за 12 часа”, предупредиле метеоролозите од “РХМЗ“.

Утре на северот и западот на Србија се очекува умерено облачно и суво време. Во останатите предели облачно и посвежо, на места со дожд и тоа во главно на истокот и југот на земјата.

“Невреме проследено со град со големина на јајце, направи штета на околу 80 куќи и помошни објекти на територијата на Сјеница“, изјавил заменик претседателот на Општината, Војо Трмчиќ.

Тој додал и дека најголем дел од оштетените објекти се во селата Богути и Багачичи, каде комисија ја проценува штетата.

“Прелиминарните податоци покажуваат дека крововите на објектите на 80-тина домаќинства се тотално уништени, најмногу на територијата не тие две села”, рекол Трмчиќ.

Градот оштетил и возила и посеви, а Трмчиќ апелирал на помош од државата.

Денеска беше најавено дека, утре ќе има невреме и во Македонија, да се надеваме дека нема да биде со овој интензитет.