ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја

598

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Сарај. Ѓорче Петров, Студеничани и Кисела Вода.

– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани, корисниците во село Орман, бетонска база „Гранит Сепарација“, и „Магента“, во општина Ѓорче Петров, како и дел од корисниците од улицата Бел Камен, во општина Центар.

Без струја во периодот од 08:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата Антон Димитров од број 44 до број 60, во општина Кисела Вода.

Во периодот од 12:30 до 14:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците од улицата Славејко Арсов во општина Центар, во периодот од 10:00 до 12:00 часот дел од корисниците од улицата Козара, објектите од број 1 до број 26, во општина Центар, а во периодот од 08:30 до 11:00 часот дел од корисниците од улиците Анастас Митрев и Венјамин Мачуковски, во општина Аеродром.

Во периодот од 07:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Дрвце Сарај, Клучка Матка, Бензиска пумпа Сар, Пумпа и млекара кривина, фирми Антикор, Адеми Иљаз и Исљам Абази, во општина Сарај, а во периодот од 09:30 до 11:30 часот корисниците од улицата Христо Татарчев-подулица 14, во општина Кисела Вода.

Потсетуваме дека 600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден.

Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.

„Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.

„Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зоштѕо имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.“ – изјави Бислимоски.

Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја.
Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.