Ненадиќ: Немам зборови за сезоната на Вардар, ние потфрливме во првиот дел

906

Авторот на 12 гола во вчерашното полуфинале против Киелце, Петар Ненадиќ на официјалната прес-конференција спортски го призна поразот и од срце му честита на Стоилов и Парондо.

Поранешниот ракометар на Фуксе Берлин не зборуваше многу, но видливо беше дека жали за лошо одиграниот прв дел, во кој  Вардар поведе со 16-11 и не ја испушти предноста до самиот крај.

„Вардар поведе убедливо во првиот дел, се вративме во вториот дел, бевме секогаш на еден-два гола разлика, но ни недостигаше тоа малку  за да се радуваме. Честитки за Вардар, нивната сезона тешко се опишува со зборови“, рече српскиот репрезентативец.

Веспрем третпат е европски вицешампион и ќе го чека 11-от турнир во Келн, ако воопшто се квалификува, да се обиде да ја освои првата европска титула.