Нејмар бегаше од сенката на Меси, падна во сенката на Мбапе!

792

Кога пред две години Нејмар си одеше од Барселона, Гери Линекер му упати порака дека од каталонскиот тим може да се оди само назад.

По две сезони во ПСЖ, овие зборови на англиската легенда се покажаа најточни. Нејмар не само што не успеа да оствари поголем успех со „светците“ во европски рамки, туку не е ни меѓу тројцата најдобри во француското првенство и е во длабока сенка на Килијан Мбапе. Тој е фудбалерот што го стави во втор план иако Нејмар кога заминуваше од Барса велеше дека сака да излезе од сенката на Меси.

Точно е дека Нејмар долго време беше повреден и не играше, но Мбапе со 20 години сезонава собори низа рекорди во францускиот фудбал и до последното коло е во игра за Златната копачка во Европа. Досега има 32 гола, четири помалку од Лионел Меси и уште еден меч во домашниот шампионат.

Освен сето тоа, Нејмар е избран за најдобар фудбалер во француското првенство, како и за најдодобар млад играч во него. За Нејмар нема ниедна награда, а до пред две години беше во конкуренција за Златната топка.