И ова утро во Скопје не се дише. Воздухот е прекумерно загаден, според најрелевантната интернет страница iqair.com, која го мери загадувањето на воздухот во светските метрополи.
Македонската меторопола е на петто место во светот со индекс на загадување 173 и присуство на опасните честички ПМ2,5 со концентрација 82,1 микрограм на кубен метар воздух.

„Воздухот е нездрав за дишење. Се препорачува носење на заштитни маски, да не се вежба надвор, а прозорците по домовите да се држат затворени“, e препорака која што може да се прочита на страницата iqair.com.
Скопје и синоќa беше меѓу 10 најзагадени градови во светот, а најлошо беше во населбата Лисиче со концентрација од 233 микрограми на штетните честички во воздухот.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















