Неделковски му одговори на Митко Јанчев: Мите лимунада е лажовчина од калиброт на неговите ментори Заеви

104

Како сведок, уште попрецизно организатор на “ручекот во Зелениково”, да констатирам: МИТЕ ЛИМУНАДА Е ЛАЖОВЧИНА ОД КАЛИБРОТ НА НЕГОВИТЕ МЕНТОРИ ЗАЕВИ. ЛАЖОВ над лажовите, напиша на својот ФБ профил Миленко Неделковски.

Тој во својата објава додава:

Па така: Прво, Орце во ниту еден момент не го спомена Самсоненко.

Второ, Сергеј во моментите на разговорот меѓу Орце и Лимунада воопшто не беше кај Пандов. Дури не беше јасно дали ќе дојде оти си имал обврски.

Трето, Орце ми го даде мене Лимунада да зборувам со него. Па во разговорот ми се правдаше како не го приватизирал кавадаречкиот паркинг и како не е ортак на Вице во ортачките им згради во градот.
Четврто, 2/3 од разговорот Орце – Лимунада, градоначалникот понизно му се заблагодаруваше на Орце за услугите што кон него и нему блиските му ги направил во Систина.

Пето, никој не знаеше дека ликот со кошулка а со заматен лик е Сергеј. Се лицитираше со други ликови, најмногу со Латас. Дури откако јас ја објавив оригиналната фотографија, дојде до “…аааа, Сергеј бил бе”.
И, шесто, Орце го снимаше целиот разговор, за вакви лажови да неможат да манипулираат.